Bojan2006.08.19 [14:12]
:) Па стави ја тогаш под Македонија. И онака од кај нас има најмалку фотографии. Барем да ни се брои :)
Поздрав (и извини уште еднаш)
Schweppes2006.08.18 [21:43]
Бојане и ова фреска је из Македоније стара црква манастира Лешок !!!!!
Bojan2006.08.17 [23:14]
е ама уткам! бре... длабоко се извинувам. Текстов требасе да стои под сликата на драгој и Савад.
Длабоко се извинувам :(
Bojan2006.08.17 [23:13]
Многу ме радувате со вашите слики :)
Еве неколку податоци за црквата. Во непосредна близина на црквата се наоѓала пештера во која извесен период престојувал Свети Прохор Пчињски по разделбата со Св.Јоаким Осоговски, Св.Гаврило Лесновски и Св.Иван Рилски. Додека Роман Диоген византиски великодостојник бил на лов, се изгубил и токму кога го фатила паника дека никогаш нема да го најде патот наишол на Свети Прохор Пчињски кои не само што му го посочил патот туку и му предсажал блескава иднина. Кога Роман IV Диоген станал Византиски император во знак на благодарност ја подигнал црквава на местото каде што го сретнал Св.Прохор Пчињски. Црквата е изградена кон средината на 11 век фо форма на трикорабна базилика. Црквата страдала во непознат период и од непознати причини, па во 1313 ја обновил кралот Милутин во форма на впишан крст. Двете фази на градба на црквата се јасно видливи на фасадата.
Фреските во 1317 ги насликале Михаило и Ефтихие. За жал ни тука тие не го постигнале зенитот од Богородица Перивлепта во Охрид, но фреските композициски се истакнуваат со својата наративност.