Bojan2006.07.08 [01:52]
Се распишав и заборавив да ставам оцена! Срам да мие :)
Bojan2006.07.08 [01:51]
Од одличен агол си ја фатил црквата.
Инкау Протон Згур му бил зет на Андроник Втори. Црквата е најпозната по нејзините фрески насликани од Михаило и Ефтихие (оние неколку фотографии што ги ставив) и за кои се смета дека ги носат сите елементи на ренесансата освен научна перспектива.
Инаку на црквата тремовите и се додадени во 14-тиот век а покасно биле затворени, со што е изгубена нејзината елегантна линија и покриени деталните декорации кои сега можат да се видат само на западната фасада.
Кога Турците го освоиле Охрид и ја претвориле Света Софија во џамија, Богородица Перивлепта станала соборна црква во градот и престолна црква на Охридските архиепископи. Во 15-ти век моштите на Свети Климент биле пренесени тука па населението почнало да ја вика Свети Климент.
Самото место е големо светилиште и околу црквата има повеќе помали цркви: Свети Димитрија, Свети Константин и Елена и Мали Свети Врачи сите изградени во 14-тиот век. Во дворот на црквата се наоѓаат и галеријата на икони гробот на Глигор Прличев, поет и преродбеник од 19-ти век кој во Атина бил прогкласен за втор Хомер.
Перивлепта значи, Онаа што се гледа, се слуша и се знае, што сосема прилега на локацијата на која се наоѓа црквата на врв на ридот над стариот град.
Lekovicl2006.07.08 [01:39]
Одлично поздрави је и лепо се проведите :))))
Bojan2006.07.08 [01:36]
Ич да не ја мислите Марина. Добро е и ужива во Охрид. Денес беше во Курбиново на Преспанско езеро. Денес требаше да и се придружам, ама јас заглавив во Скопје :( Се дружевме малку во Скопје, бевме до низ чаршија, во галеријата на икони и во Нерези. Ако се реши да го фати нокниот воз за Белград во понеделник ке одиме на Матка :) Поздрав