Bojan2006.08.19 [14:09]
Па тоа е таа преродбенска архитектура.
Со слабеењето на Турската империја во 19-ти век, Турците за да го одоброволат локалното население повторно дозволиле да се градат нови цркви. Но, поставиле многу правила за црквите да не доминираат во силуетата на градовите. На пример црквите морале да бидат ниски, па за да се постигне доволна висина ги вкопувале по метар до два во земја. Црквите несмееле да бидат декорирани од надвор, па додека од надвор се многу воздрзани ентериерите се раскосно декорирани, обично со резба. Најубавите примери на резба се од мијачката школа (Свети Спас во Скопје, Манастирот Свети Јован Бигорски и Лесновски Манастир).
За формата на црквите, градителите се одлучиле за базиликална форма, бидејќи така се добивале најпросторни решенија па можеле да соберат најмногу луѓе.
Мене лично најмногу ми се допаѓаат Битолската и Прилепската соборна црква, изгеадени во овој период, но особено интересна е и црквата на манастирот Свети Јоаким Осоговски каде Андреј Дамјанов за постигнување на поголема раздвиженост употребил елементи од Османлиската архитектура.
Поздрав