Bojan2006.08.17 [01:02]
Е Марин, Св.Богородица е во Штипско Ново Село не во Штип (иако се скоро залепени :).
Андреј Дамјанов е исклучителен ум, и сигурно е најголемиот архитект на Балканот во 19-тиот век, барем што се однесува до сакрална архитектура. Градел не само во Македонија туку и пошироко, и интересно е како го толкува културното наследство, па така во Македонија и јужна Србија проектира инспириран од римската и ранохристијанската архитектура, во Србија инспириран од средновековната, а во Босна инспириран од барокната. За негово најголемо дело се смета црквата во манастирот Св.Јоаким Осоговски во близина на Крива Паланка, каде прави интересна комбинација од античката и исламската архитектура.
Еве уште два интересни податоци за него.
Иако најмногу работел во Македонија, честопати го викале и во подалечни места каде што заглавувала работата и неможеле да го довршат објектот (обично прифаќал само ако објектот е во фаза темели, сакајќи да остави личен белег).
Од Султанот добил титула Каурин со право да носи сабја. Титулата ја добил за проектот за касарната во Сараево, која го воодушевила султанот.
Се занимавал и со проектирање на световни објекти, но освен касарната други објекти не ни се познати.
nenadkosovac2006.08.16 [23:18]
ЗНАЧИ ЦЕО ТАЈ ЈУЖНИ КРАЈ ИМА СЛИЧНО ГРАЂЕНЕ ЦРКВЕ , ВЕОМА ИНТЕРЕСАНТНО !!!!
Anima_Mea2006.08.16 [23:02]
Храмът Св.Панталеймон във Велес е също от Рензовците. Св.Богородица в Щип е уникално красив храм. В Ниш също има храм, строен от тях.
Бояне, да даде Бог да я възстановите църквата!
пп - прекрасен нов храм видях в Радовиш!!!
Bojan2006.08.16 [22:47]
Предпоставував дека е можно да е од Андреј Дамјанов, ама не можев да проверам зошто уште ми ја немаат вратено книгата за него. Моментално во Скопје привршуваат со реконструкцијата на црквата Св.Богородица првиот негов целосен проект. За жал црквата изгорела во Втората Светска Војна, но за среќа комплетните проекти, како и фотографии од ентериерот се зачувани. Штом ќе ја добијам назад книгата ќе ви пишам нешто повеќе за него :) Поздрав
Anima_Mea2006.08.16 [20:27]
Прекрасен храм!!! Започнат е през 1830 година от Андрей Дамянов, от Рензовския род, от село Тресонче, Дебърско. Довършен е 20 години по-късно от племеника на първомайстора - Коста Дамянов. Майсторите от Дебърската школа са оставили изключителни шедьоври! Хвала!!!!
Bojan2006.08.16 [19:47]
Многу ја сакам преродбенската архитектура! Ко бомбона е, однадвор скромна, а внатре бескрајно раскошна. Поздрав