Bojan2006.05.04 [01:25]
:) Најпрво благодарам за комплиментот :)
Перспективата што си ја одбрал е навистина прекрсна!
Инаку иконостасот е всушност баш тажна приказна. Кога Турците ја претвориле Света Софија во џамија го расклопиле оригиналниот иконостас и од него направиле мимбер. Мимберот стоеше до пред некоја година и кога го расклопија требаше повторно да го состават оригиналниот иконостас. Никој незнае каде се сега оригиналните делови, а го поставија овој иконостас.
Најискрено според мене кога веќе не го ставаа оригиналниот требаше да направат низок иконостас, само од парапетни плочи, зошто вака сокрија некои исклучителни фрески, како четириесетте маченици во проскомодијата (инаку сцена многу ретко сликана како фреска), портретите на Вселенските, Антиохиските и Ерусалимски Патријарси (во долниот дел од олтарната апсида) и портретите на Римски папи и Охридски Архиепископи во ѓакониконот. Навистина е штета сето ова да е скриено од очите на посетителите на црквата, особено кога станува збор за најголема квадратура на фрески од 11-ти век во светот.
nenadkosovac2006.05.04 [00:05]
ЗА БЛИЖЕ ОБЈАШЊЕЊЕ ОБРАТИТЕ СЕ НАШЕМ БРАТУ БОЈАНУ КОЈИ ЈЕ ЕКСПЕРТ , А ОД МЕНЕ ДОБИЈАТЕ И ЈОШ ДВА ДЕЛА ТОГ ПРЕЛЕПОГ ИКОНОСТАСА !